Отфрлајќи ги сите побарувања на семејната божемна невиност и капејќи се во дречлива, неприродна неблагодарност, таа си го виори чувството на надмоќ пред конвенционалните буржоаски канони на моралноста, нормалноста и природноста.
Такво чувство на надмоќ над здодевните, нормални луѓе одамна се забележува (се слави или се презира) како одлика на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но се разбира оваа пропорција претпоставува силна институција, со цврсти внатрешни канони на почит на автономните дејства на дипломатската мисија, каде што политичките упливи на извршната власт се строго нормирани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во традициите на дамна востановените дипломатии постои логична и функционална пропорција на дипломатските кадри кои се формираат од матрицата на институцијата односно Министерството за надворешни работи и страничните политички именувања, не поголеми од десет проценти, најчесто одредени според волјата и диктатот на новиот шеф на државата, на Владетелот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа е гласот на омразата кон средносталешкиот домаќинлак, кон женствената улога што се одликува со трудољубивост, одговорност, самопрегорна посветеност на семејството, па, наместо тоа, се решава за раскош, уживање, богатство, елегантност и ослободеност од задолжителните општествени стеги – онаа слобода што може да се купи само со пари.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)