Секој си ја избираше облеката според своето замислено, или пак посакувано постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Ете,“ рече Карл, мазнејќи ја големата капа која тукушто си ја изготви, „повторно ќе си го повратам кралството.“ Карл, кој веруваше дека е Наполеон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да ги гледаш белите коленици на перачките, џандарите на прошетка што застануваат покрај нив, да ги гледаш војските – кој без капа кој без колан кога се враќаат дома од насока на гробиштата, од насока на оние безброј бигорни крстови врз кои колваат некои црни птици...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)