Законот за поттикнување на вработувањето од 2003 годи- на, со важност од април до декември 2003 година, предвидуваше 123 надоместување на средствата за платените придонеси (наместо осло- бодување од плаќањето на придонесите) за време од 24 месеци од вработувањето на невработени лица на неопределено време, при што како ново вработување се сметаше секое зголемување на бројот на вработените што е над највисокиот број на вработени на неопределе- но и на определено време, во еден од последните 12 месеци пред денот на влегувањето во сила на овој закон и бројот на лицата за кои работо- давецот презел обврска да ги вработи со договорот за купопродажба, односно приватизација на општествен и државен капитал односно имот (чл. 3, ЗПВ/03).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)