кат (имн.) - во (предл.)

Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кон крајот на октомври Рада се всели во студентскиот дом "Гоце Делчев" на тринаесеттиот кат во собата 1303.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На првиот кат имаше уште две спални за по пет прифатени жени, додека останатите четириесетина беа сместени на вториот кат во три необично големи простории.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На негово изненадување, Џакомети возвратил: - Ако навистина е снажна, ќе се покаже, дури и ако ја кријам. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 107 hotel @ene @an splendid ДРАМА ВО ДВА ЧИНА ДЕКОР Хол на седмиот кат во еден голем хотел.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Човек не требаше да има изострено сетило за мирис за да ја намириса реата на виното што доаѓаше од извалканиот дел на Милановата визба, или острите мириси на сирењата, што таа сега ги виде како висат на подните греди од горниот кат во форма на необични главици.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го вртеше на сите страни, седната на неговиот тесен студентски кревет на првиот кат во блокот В, со мала тераса која гледаше на дворот, во едно сè уште студеникаво пролетно утро.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А син му Горан вртеше кругови околу Карпош и Капиштец и го враќаше дома како да е тоа најнормално: „Ете тато, стигнавме на викендичката“, му зборуваше качувајќи се натоварен со телевизорот во прегратки на вториот кат во станот, од кој пред пола час го беше изнесол.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали заради тоа почесто остануваше кај неговите, на долниот кат во куќата?.... Сѐ помалку кај неа... Горе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
(Сепаре на кат во кафеана. Остоиќ пуши, Пие. Пауза. Втрчува Киро, задишан. Зачудено гледа во Остоиќ.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Веројатно во него имаше и дека сум бил во Автокоманда кај вујче Сотир, братот на мајка кој сам живее во голема одаја на кат во убава зграда, ми рекол дека можам да појдам кај него, ама по тонот сум заклучил дека не сака да се населам кај него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Веќе илјада години, од генерација на генерација, на Медитеранот се практикува ловот на туни со матанѕа, обично кон крајот на пролетта (во мај) и во лето (во јули), кога небото е светло сино, морето мирно, водите проѕирни и особено кога не се заканува ветер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја заклучив влезната врата од својот дом, го изгаснав светлото и се качив на катот во спалната каде што се пресоблеков во пижамите и, оставајќи ја само сијалицата над кре-ветот, си легнав со намера да прочитам некоја страница од книгата што ја читав.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го бараат Зоки по скалите, пред зградата, на балконот, на долниот кат во станот на неговата пријателка Лидија, а него го нема и го нема.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Мартин живее на третиот кат во кулата број 53 на улица „Јуриј Гагарин“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Три недели се служеа со room service и за тоа време таа престана да повраќа.После тоа возеа низ Невада уште некое време додека комбето пак не се расипа на другата страна на државата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 163
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон непрестано зборуваше за комплетот тапани и тврдеше дека тие всушност се негови, па ги продадоа во Рино и живееја на четирисеттиот кат во еден стар хотел со поглед на планините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Следеше спорото навлегување во Ајдахо, преку планините, и пустината, и Јута, и снегот се растопи и тогаш се роди бебето на кое што тие речиси беа заборавиле.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)