Потполна бесмисла доколку времето е една самоуништувачка категорија која се стреми кон Ништост, Ништост која го проголтува сѐ она што било, е и ќе биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, постои и другата можност – сето време да постои ‘некаде’ во вечна сегашност, во некоја друга димензија; постои таа можност во паралелно и синхроно пулсирање да постојат сите времиња, сѐ што било, и таму, во таа друга димензија, да се ‘преселува’ сѐ што сега е, и сето она што некогаш ќе биде; и само таму, и само така, при средбата на сите временски слоеви и сите егзистенции, сѐ ќе ја сознае сопствената смисла, онаа што ни е неодгатлива во ова минливо постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)