кафе (имн.) - или (сврз.)

Како по старата традиција кога живеевме заедно, кафе или некоја лесна салата, покрај видикот на кејот на Вардар.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во автобусот го чека меко место, со масичка пред него, весник ако сака да чита или слушалки ако сака да слуша музика, а патем има право на едно кафе или чај со неколку бисквити.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можеби во станувањето свесен за нејзиното носфератовско приближување (за кое секогаш утешно се мисли дека е, сепак, само фикција од црно-белите филмови) имаше нешто што ме држеше да не заминам на кафе или пиво и да му ставам крај на овој вампирски филм.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Несакајќи потполно да се предадам на овој импулс на сериозно-пасивно однесување, иако не на кафе или пиво, излегов по скалите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Единствено што правам од задоволство е пиењето кафе или од виното на дедо ми и читање некоја добра книга.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Неговото кафене беше единствено собиралиште, и додека едни пиеја кафе или ракија, други играа комар, а во преградата од десната страна тој ги сечеше четките на селаните или им ги светнуваше еднаш во неделата лицата стругајќи им ја брадата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сега седи мирно, пиј кафе или мастика и слушај ја наредбата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Жена ми вели да седнеме некаде. Може ли да ве поканиме на кафе или чај...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)