Уште од дете, додека беше целокупен, Мице имаше голем мерак да стане свирач и затоа, секогаш кога за свадба или селска слава ќе дојдеа свирачи, се пикаше меѓу нив со по една клечка во секоја рака, застануваше пред виолинистот и ставајќи ја едната клечка фатена со левата рака под пазува наместо под брада и со другата заструтувајќи преку другата прачка, ги имитираше движењата на кеманџијата и заедно со него ја свиреше и ја пееше песната што свирачите ја свиреа и ја пееја.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Оттогаш по цели денови, облечен во бела кошула од домашно платно, со широки ракави и пуштена речиси по глуждовите надолу по нозете и ќурдија од црн шајак без ракави, секогаш со по една клечка во секоја рака, стои на полена каде што би стоеле свирачите кои одамна во Брезница не дошле и постојано како да се готви да засвири.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сврделот за цело време беше некоја клечка во Комитетот, но Комитетот нему му беше заштитниот знак.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)