Тодор Малинов со кого седевме во иста клупа беше од Баница, во класот на Василаки и на Јоше имаше и уште еден од Баница, Лефтер Лаевски.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Бидејќи клупите беа зафатени, требаше Крсте да седне во една со Нешка, но даскалот не беше уште „современ“ да кладе машко и женско во една клупа и тоа јабанџии, ами го скорна брата ѝ на Нешка, Стојана, го кладе таму Крстета, а Стојана го намести во првата до Нешка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Едо реши да седне на талпата што како клупа беше поставена долж ѕидот пред продавницата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Клупите беа раздробени и испреметкани по ќошињата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Вкочанетоста од долгото седење на тесната клупа беше толкава, што често стануваше и шеташе низ ќелијата, неопоменуван од телекранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Службениците по установите сѐ помалку го слушаа, неговите врсници по парковските клупи беа сѐ поздодевни, градските улици стануваа сѐ подолги за изодување.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)