клупа (имн.) - пред (предл.)

Тој се смее. На некој чуден начин ме успокојува кога седам со него на клупата пред црквата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Седната на клупата пред зградата сметаше на случајна средба со еден од сопружниците.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, ни ги купуваше најголемите чоколади, највисоката елка за Нова година и секогаш знаеше што сакаме да ни донесе Дедо Мраз.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Намуртени се враќаме. Ако времето е убаво и нема дожд и не е зима, седнуваме на клупите пред зградите и во разговор си ја враќаме младоста што ни одмина во граѓанската и по тие земји далечни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И секогаш, независно од годишното време и температурата, тоа уживање го правам на клупата пред хотелот под палмите кои не се увезени... турски се.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Откако помина поштарот, некаде кој единаесет часот претпладне, кога селската продавница вообичаено е затворена и пред неа нема никого, авторот пак дојде тука да поседи сам на талпата спружена за клупа пред продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Рада седна на клупата пред болницата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)