Покрај записот за тоа кога Панда Бранов партизаните изгледа веднаш по ослободувањето го затвориле, за авторот беше посебно интересен уште еден запис што гласеше: „Трајко Казиовски од Ливаѓе мене толку многу ме мрази зашто во бивша кога јас бев кмет во Брезница тој набра три товари дрва без платена такса и дозвола и кога шумарот ми го дотера овде во дворот ими ги растовари дрвата на чување и јас ништо не реков за шумарот да не му ги растоварува дрвата и тој мене затоа толку ме замрази зашто нема да друго за што.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„...Пандо, како што ти кажав, до војната беше кмет во селото, ама пошто после времињата се избуричкаа друг за кмет не се изгласа, остана на Панда нам на брезничани да ни биде кмет сѐ до доаѓањето на партизаните.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога шумарот ќе фатеше некого, дрвата му ги растовараше во дворот на Панда, зашто тој беше кмет во селото, а шумарот на дрварот кого што ќе го фатеше ќе му ја земеше секирата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)