книга (имн.) - ќе (чест.)

УКИМ = Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ УО = Управен одбор УПОЗ = Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ УРМ = Устав на Република Македонија (Сл. весник на РМ, 52/1991 и Амандманите I-II [1/92], Аман- дман III [31/98], Амандмани IV-XVIII [91/01], Амандман IX [84/03], Амандмани XX-XXX [107/05], Амандман XXXI [3/09]) 317 ФПИОМ = Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија ХОВ = Хартии од вредност ЦК = Центар за култура
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа се надеваме дека книгава ќе им даде храброст и потребно знаење на македонските работници на кои им се ускратени или прекршени работничките права – тие да поведат и да победат во институционалната битка за нивна заштита и почитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ЦР = Централен регистар на РМ cf. = confer (пренесува) С.Ј. = Codex Iustinianus (дел од Јустинијановата кодификација „Corpis Iuris Civilis“ – VI в.) C.Th. = Codex Theodosianus (V в.) D. = Digesta (најобемниот дел на познатата „Јустинијанова кодификација“) Lib. = liber (книга) sq = et sequens (скратено/извадок) vs = versus (против) 318
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На Јаков, којзнае зошто, му се стегна грлото.  „Што мислиш - му рече малиот - во која книга ќе нè пишува нас?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но уште им зборуваше дека, ако даде Бог, новите книгида бидат сиџилите, старите кадиски дефтери, тогаш сите книги ќе добијат поголемо значење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најмногу од сѐ, се надевам дека книгава ќе послужи за да се оправда вредноста и сериозноста на мојот предмет „Како да бидеш геј“ пред сите што биле скептични, збунети, навредени или згрозени од него, што му се противеа или што поради него го критикуваа Универзитетот на Мичиген.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас сум убеден дека Серловата интересна и полемична книга ќе поттикне понатамошна расправа во философијата на умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Знам дека по оваа книга ќе следат уште многу нови текстови, уште многу нови шарени и светкави, крцкави бонбони, кои уште од сега нестрпливо чекам да ги вкусам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мајка ја беше понела врската клучеви од куќата крај Езерото и напуштената куќа крај Јонското Море од нашите предци, светите книги Коранот, Библијата и Талмудот, покрај кои ја шепотеше тивко молитвата на сите вери кога ја минувавме границата, а Татко неколкуте главни книги од својата подвижна егзилска библиотека, како и неговиот започнат проект, ракописот за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше сигурно оти во метафизичката стратегија на Мајка еден од клучевите ќе ја открие историјата на бравата на нашето отворање на првата врата во животот во егзил, а додека спасувањето на татковите книги ќе ја продолжи семејната историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нивните животи во еден голем дел беа претопени во создавањето и одбраната на слободната Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека ги слушав врвните офицери на Југословенската Народна Армија (ЈНА) како зборуваат со вознес и незамислива увереност за главните стратегии за одбивање на напад на Југославија од Западниот или Источниот блок, со мене на часовите ја носев книгата на Вињи, верувајќи дека на овој начин со читање на книгата ќе го компензирам времето на воените предавања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поетот пееше: Малку небо ми е доволно за да патувам за да го стигнам мајкиниот сон, небото го носам на плеќи а мојата земја е ваша и дали една книга ќе ми го исполни слободното време во тоа безвреме...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој претпостави дека оваа книга ќе биде значајна за твоите и нашите заеднички истражувања, додаде задоволно Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само книгите ќе го покажат вистинскиот пат од излезот од балканското варварство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обајцата со нашите книги ќе бидеме помоќни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој, сепак, го купи овој роман, подоцна на голема радост на Татко и оваа книга ќе заземе централно место во книгата за јаничарите во еден рафт од неговата библиотека враќајќи му ја надежта сепак да продолжи да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, доколку вистински во контекстот на книгата го промисли јаничаризмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И додека Татко со восхит и занес ги догледуваше подарените книги, Климент Камилски ја покажуваше својата радост што подарените книги ќе се најдат во вистински раце.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше книги кои не можеа да влезат во рафтовите и тој одново започнуваше да ги средува, небаре веруваше дека книгите ќе ги прифатат неговите молби, ќе се притиснат една до друга оставајќи место за другите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сето ова ако не ги расплакало, тогаш сигурно тоа го направило она што го има во понатамошните мои дневни белешки дека дојдов до таму ако не најдам место каде да спијам книгите ќе ги оставам кај Евтим а по три четири саати ќе преспивам во чекалната на станицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И кога одбираше кои книги ќе ги земе, покрај постојаните, пред заминувањето со вовчето, Татко ги зеде и списите за миграциите на јагулите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Понекогаш, од книгите ќе направиме утврден, четвороаголен град, до кого може да се стигне само преку длабоките води.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Едгар Морен во пишувањето на оваа книга ќе ја консултира, како што вели самиот, Историјата на солунските Израелити, во седум тома од солунскиот ерудит Јозеф Нехама (Histoire des Iѕrаlitеѕ de Salonique), објавувана во Солун од 1935 до 1978 г.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Верував дека книгите ќе го откријат времето на моето семејство кое не сум го живеел, ќе ме доближат до непознати луѓе со душа како мајкината, татковата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А сега вашите две книги ќе ги дадам на мојата сестра Ањес Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А ако не кажете, тогаш ние по книгата ќе му клајме едно многу убаво и славно име, големо име што ќе се гордеете...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ако сакаш во свет од сказни да зајдеш тој свет во книгата ќе го најдеш.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Наредната книга ќе ви биде уште помила.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И ако реши човекот нешто да прави, како прв помошник книгата ќе се јави.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Следните мои книги ќе бидат за тоа како ќе им помагам на другите луѓе со мојот дар и со помошта на љубовта која Господ ни ја дал на нас луѓето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)