Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)