Во времето на дејствието на романот владее сталинизмот, идеологија преку која се настојува козарите кои живееле во блиските планини да ги трансформира во работничка класа, но главниот проблем биле козите донесени со козарите во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Козарите кои го минаа и фашизмот со козите, се прашуваа зошто со нив да не бидат примени и во социјализмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Козарите кои се избавија од големите селски работни задруги, сега, слезени од планините, според татко ми, се најдоа во стапица.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имало козари кои доаѓале на театарски претстави со понекоја коза...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На илјадниците козари кои дојдоа со козите во главниот град за да станат работничка класа и да стапат во социјализмот најдоцна до утредента во 12 часот, им беше наредено да се ослободат од козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)