Навстина, тој е присутен секаде поради автомобилските сирени, писоците на локомотивите, брмчењето на колите пред гаражите, пред паркинг - плацевите, чкртањето на трамваите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Со изградувањето на куќата, се стесни патот и низ него не можеше да се помине со кола; луѓето ги запираа колите пред неговата куќа и оттука понатаму товарот мораа да го префрлуваат на добици или на раце; тоа им дојде до нос на луѓето и бараа сокакот да го рашират, односно Бандо да си ја потсобере куќата, да ја зделне до некаде.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)