Освен тоа, сите во Партијата беа длабоко сврзани со врвниот симбол на плодноста – земјата: меѓу нив имаше земјоделци во неколку колена наназад (но не и номади, сточари, кои се космополити по самата вокација, затоа што номадизмот бара чести преселби), или безземјаши, кај кои без разлика што земјата им била национализирана, па станале професори, лекари или инженери, сепак, врската со земјата останала силна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Паметам дека моите родители беа уличари, родителите на нивните родители и се’ така до седмото колено наназад, се присетува К* на своето педигре, извор на гордоста за семејството.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)