Одредени одговори на тоа прашање веќе дале студијата на Ричард Дајер за геј-мажите и Џуди Гарланд, студијата на Нил Бартлет за геј-мажите и Оскар Вајлд, па дури и студијата на Д. А. Милер за геј-мажите и бродвејскиот мјузикл, при што сите тие даваат мошне различни визии за машката геј-култура и за машкиот геј-субјективитет – иако визии што не се неспојливи со сликата што ја иcцртав тука.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како ќе мораше да се смени мојов приказ на машката геј-култура да се однесуваше на некој друг лик?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па не е мудро, тогаш, да се апстрахираат, да се деспецифицираат, да се генерализираат, да се хомогенизираат и да се сведуваат на некоја универзална граматика на машката геј- култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На пример, класичниот есеј на Ричард Дајер „Џуди Гарланд и геј-мажите“ ја истакнува нејзината „комбинација од сила и страдање“, посочувајќи ја како извор на нејзината геј-привлечност.423 Таа комбинација навидум на извесни начини соодветствува со комбинацијата на гламурозноста и абјектноста што ја издвојува кинематографската персона на Џоан Крафорд и што, барем делумно, ја објаснува моќта што ја има врз своите геј-обожаватели.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)