Макар на врвот на атеистичката пирамида на земјата како директор на единствениот атеистички музеј во светот, сепак и А.А. имаше свои контролори кои му беа непознати.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но секогаш кога се приближуваше со чунот полн риба до контролорите кои требаше да му го земат десетокот за еминот, нему му доаѓаа пред очи некакви чудни слики на непознати места, некакви други рибници каде што тој ловеше сам во свој далјан, некакви други брегови и весла што со леснотија на крилја го цепеа среброто на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)