Среде распупените копнежи на небото витката става на пламенот во луд занес ги обезглавува изџимканите сни и не ги одлепува усните од цуцињата на бардињата од кои дурлат огнови во течна состојба.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Бунтот е тука народен – „дигнат за живот слободен“, копнеж на млади контета за власт и слава проклета.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Но Арсо Арнаутче не ги подал рацете како што очекувал Лозан Перуника, да ја прегрне, да ја здроби со машката набрекнатост, да ја ослободи, а и себеси, од маката на копнежот и од копнежот на исчекувањата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Од лицето со зачудено извиени веѓи полека ѝ се изгубила светечката благост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
1. Не гасне светлината на тој гласот да го запрета свој во молк што треба пред големото зло од друго зло што иде во мугрите на виделото Тоа што сенката од нив да му ја изгони сака Сега е веќе мигот да се замине што повикува со стариот копнеж на битието во трепетот на крвта Будната роса на челото светлината на утрото ја позема пат правејќи низ мракот Вика гороцветот со муграта во пазувите
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Понекогаш ми се смачува кога ќе видам мешавина од страв и обожување на лицето на народот, толку бесрамен јавен копнеж на стадото за водач, но ако замижам на двете очи, и тоа некако ќе го преживеам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Со помошта божја успеав тогаш таму
да го задоволам копнежот на срцето
без да црвенеам од срам.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)