Структурата на Интернет повеќе нè потсетува на обидот на една друга енциклопедија од она време, на Енциклопедијата на грешки на Pierre Bayle (1647-1706) која беше луцидна травестија на самиот енциклопедизам и всушност содржеше некаков темелен демократски импулс кој денес, на пример, е мошне важен за Интернет мрежата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Мајка ми постојано велеше дека сум „самобендисана“, за разлика од неа која беше претерано скромна и недоволно свесна за нејзините квалитети.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дента кога си одевме од Будимпешта напуштајќи го малиот свет што ние го создадовме во станот на Еца каде што беа сите предци и потомци на дедо ми Митре, Слобода не се појави на железничката станица (Западна страна) која беше оддалечена стотина метри од зградата на Еца!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Секој пат кога некој ќе ги пуштеше Дорс и „Light my fire” - што инаку често се случуваше - Џерард правеше кисела фаца.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Многу се играше - се вртеа Арета Френклин, Расколси, Џеферсон Еирпленс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Едната половина на собата обично беше амфетамински параноична и yвереше во другата половина која беше на ЛСД.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во склоп на изложбата, усмерувачките сили требаа сериозно да ја означат крајната точка на една долга патека, која беше сведок на конверзијата на Бојсовите цртежи од главно лични и мислени гестови до еден екстравагантен јавен перформанс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Повеќето од тамошните типови беа кул - и освен вообичаените шеги и хистеричната насмевка ништо не се случуваше - но Ингрид Суперстар постојано одеше пред огледалото, го прекриваше лицето со рацете и почнуваше да халуцинира, и тогаш потполно откачуваше и почнуваше да плаче и да зборува „толку сум грозна”, и тогаш сите ги вадеа своите курови и зборуваа од стомак, за да изгледа дека не зборуваат тие туку знааете веќе кој, и тогаш ја тераа да зборува со „нив” - тоа секогаш ѝ го поправаше расположението - но тоа ѝ го привлекуваше вниманието само неколку моменти и тогаш мораа да смислуваат нешто ново - изгледаа како куп очајни бебиситери кои безуспешно се обидуваа да го утешат расплаканото дете.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На 4 август Бетси Џонсон, која беше верена за Џон Кејл, направи журка за лавовите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Врз една темна табла близу до работ на платформата можеше да се забележи, во препознатлив Бојсов ракопис, една сентенца која ја сумира пораката која тој се обидуваше неуморно да ја изрази во неговата подоцнежна работа: „Единствено уметноста е способна да ги оневозможи репресивните ефекти на еден сенилен социјален систем кој продолжува да се тетерави по линијата на смртта”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се разбира дека на фонот на завршената (?!) војна на Балканот (која беше приготвена токму од некои “уметници” и “идеолози” и која содржеше прилична доза на сè уште потпламнувачката фашисоидност), во околности на специфични меѓунационални тензии кои продуцираат одреден културен и идеолошки рефлекс и овде кај нас, во Македонија, а најпосле и во контекст на нашето, како држава, ново дефинирање на она што значи културна политика и културни цели, постојат сериозни причини “вечната тема” за односот меѓу “уметноста” и “идеологијата” одново да се актуелизира.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А Зеро, инаку, некако настанува, тоа морам да го спомнам, под закрилата на тогаш отворената чајџилница Галерија Седум, која беше некаков вакумски, анти-простор меѓу „моќните” институции, универзитетот, ФЛУ, музеите и Уметничката галерија.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Беше задолжен да ги хушка кучињата што излајале по интернетот и сето тоа прецизно да го бележи во неговата црна книга со какушки за која беше дебело платен.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Позитивно е тоа што дотогашниот рок на работодавачот од 8 дена од денот на склучувањето на договорот за вработување писмено да 24 го извести кандидатот кој не е избран дека не е избран и кој кандидат е избран, се намали на 5 дена, а негативно е што дојде до бришење на експлицитната одредба со која беше утврден рок од 3 дена во кој работодавачот е должен на кандидатот, кој не е избран, да му ги врати сите документи што му ги доставил како доказ за исполнување на бараните услови за вршење на работата (чл. 4 од ЗИДЗРО/ фев.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со очи ја претресуваше ширината по која беше натискан толку многу живот меѓу камењето.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Човекот во сина облека застана токму под таблата на која беше испишан бројот тринаесет.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Луѓето одминуваа нагоре-надолу и многумина фрлаа поглед кон човекот во сина облека којшто беше понесно дисциплинирано застанат токму под таблата со која беше означена автобуската станица.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Одгоре, на другата страна од тротоарот пристигна еден младич со мустаци протегнати токму по работ на горната усна и со вратоврска на која беа отиснати цела плажа мажи и жени.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дури негде попладнето, кога ја пропуштив секоја можност да ја завршам работата по која бев дојден, брат ми се смилости и реши нашите патишта привремено да се раздвојат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Лежев во средина на собата, од лево до мене Јуле, десно Ана, која беше подвижна, односно ѝ беше дозволено да потстане и да изоди два чекора до прозорецот и назад.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Последиците од грубата забрана, која беше пречка за неговата амбициозност, сѐ уште не се проценети како што треба.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Најдов лабораторија за хероин која беше преправена за производство на феромон.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Богдан немаше одговор на ова прашање, но тоа природно му се наметнуваше, не толку кога ќе беа в кревет, исполнети со себе и доволни сами на себе, изделени од сиот друг свет, колку во миговите кога ќе го гледаше нејзиното голо тело низ објективот, работејќи на фотосесиите кои госпоѓа Мариела особено ги љубеше (во спалната, во кујната, во купатилото, на дрвените вртени скали меѓу едниот и другиот кат, на пространата тераса обрастена во густеж од бршлени) кои траеја долго, исполнети со сласт на себеоткривања и дооткривања еден со друг, со лес на дишење, со движења кои беа нечујни, со поместувања низ амбиентот кои беа спонтани и хармонични, во атмосфера која беше пријатна за двајцата, што, всушност, значеше предигра за она што потоа следуваше: да се спојат нивните растреперени тела во долга и страсна љубовна игра до исцрпување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Имав една млада пријателка Мони, која беше масерка. Ѝ се јавив на телефон и ѝ кажав дека тешко си болен и ако не ѝпречи да дојде дома малку да те измасира.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Земјата Југославија, која беше творба токму на претседателот на француската рерублика Жорж Клемансо беше пред конечно распаѓање!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Бев свесен дека во разликите во идентитетот, се криеше големата тајна во постоењето на сите уметности, во раскажувачката уметност посебно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А која беше таа, тешко можеше да се утврди!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Југославија, која беше создадена и со силно влијание на францускиот претседател на Републиката, Жорж Клемансо, до последните моменти на своето постоење беше бранета од јакобинистичка Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Беше човекот кој правеше да заборавиш која беше твојата земја, а која беше неговата, но сепак, според изреката на Монтењ за пријателството, јас си останував јас, а тој си остануваше тој.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Српскиот диктатор во тој период, во апотеозата на безумјето, му предлагаше на тогашниот грчки премиер Мицотакис, помеѓу Србија и Грција, да нема граници, односно да се подели Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А јас с уште не можев да дознаам која беше Елен Лејбовиц, како изгледаше, на која возраст беше, која беше нејзината професија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Постојано се прашував до крајот на нашата преписка и потоа: која беше Елен Лејбовиц, која толку силно, речиси со светлината на метеор ја осветли мојата балканска сага и згасна?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Јас имав впечаток дека рурална Албанија, која беше во еден вид педесетгодишен физички и ментален карантин се реваншираше во урбана Албанија, во која се криеја старите структури на власта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Заклучокот е дека разликите се мали доколку не им се пристапува од гледиштата на вкоренетите предрасуди, а Европа не може да побегне од балканскиот дел на својата судбина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И еден ден, кога тоа најмалку се очекуваше, според мајка, Севишниот ја беше слушнал молитвата, уште од времето кога семејството ја минуваше границата, преку Езерото, па му помоgна на татко ми, вникнат во старо турско-персиско-арапскиот јазик, да ги открие во вакафот на една џамија во Битола кадиските записи, односно сиџили, пишувани на јазикот од пред три века, кој во него ја одржуваше, ширеше, продолжуваше природната еволуција која беше некогаш запрена, особено со крајот на Отоманската Империја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Оваа книга која беше честа тема на нашата преписка, можеби има за цел да покаже дека не може да се верува во Бога кој бара човечки жртви и, како што не може да се верува ниту во идеологии чие одржување се темели врз жртви.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На Јован Дучиќ, романтичен српски поет и поранешен дипломат, му ја доверија задачата за кристализирање на идеолошката база на антијугословенското движење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ваквите размислувања на Недиќ и Павелиќ, според аналитичарите, ги искористила "српската група, која беше доминантна во Југословенската влада во емиграција, ја прифати и се обиде да ја доразвие теоријата на Павелиќ и Недиќ (поддржана од Хитлер и од официјална Унгарија и од Бугарија) дека Југославија била вештачка креација, без причина за нејзино постоење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Главниот штаб на ДАГ оцени - тој покажа на картата на која беа исцртани црвени и сини линии кои ги означуваа позициите на двете војски - како што гледате, натамошното опстојување на лозициите што ги држиме е невозможно.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но некако собрав храброст и дошепнав на една од моите братучедки, која беше неколку години повозрасна од мене, дека ми се допаѓа тоа момче.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Сега кога размислувам за тоа, верувам дека поради таквата метода мојата обука не беше успешна, затоа што доцна дојде до мојата полна ангажираност која беше неопходна за да станам волшебник.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)