Скокнува, се разбудува уплашен и гледа збунето во татка си кој го успокојува и му ја брише потта од челото; гледа во автобусот, во подот што потскокнува, во луѓето кои молчат замислено, или дремат, во тилот од шоферот кој исфрла чад од цигарата што ја пуши, во прашината која влегува низ цеповите кога автобусот посилно ќе заграби по патот; гледа повторно низ прозорецот надвор и збунетоста сè уште му трае.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Зборот изглед (гер. Schein) има ист корен како зборот убаво (гер. schoen) и во иднината во која влегуваме тоа ќе треба да се запомни”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таа се две: онаа која бесконечно чека и онаа која влегува во своето чекање.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)