Или тие служат само за украс, колку да ги нервираат умрените кошарџии, бојаџии и комарџии – живо сведоштво за тоа дека сепак имало минато без сегашност и дека ќе има сегашност без иднина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А за мене претставува вистинско задоволство да ви испратам одовде некои миризби и вкусови кои, се надевам, ќе оживеат во вас убави спомени.*
Ваша особено срдечно
Елен Лејбовиц
*Прилог: картичка со слика на поле лаванди на која пишува:
СЛИКИ&СВЕТЛИНИ
Прованса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Соседот го внесе во радиостаницата, го поведе низ ходниците, го доведе до една врата на која пишуваше „кадровик” и го турна низ неа во зачадената просторија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тогаш првпат се обидов мислата да ја изразам со помош на слика, како што е, на пример, онаа валкана стара карта која испаѓа од автоматот и на која пишува „Прва рунда” и онаа потполно нова карта која ја уфрлуваат во автоматот и на која стои „Втора рунда”; на овој начин ја навестив променливата среќа на боксерот кој се викаше „Џек-од-една-рунда”. Фармеровата жена (The Farmers Wife), 1928г.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Саздо го брише ветробранот со ракавот од десната рака; неговата слободна лева рака ја бара палката на која пишува „стоп“ и полека ја повлекува.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
Сите што поминале низ портата над која пишува дека Сиена ви го отвора своето големо срце знаат, сите без исклучок знаат, дека да одиш од град во град низ Тоскана е како да облекуваш различни костуми од еден ист кројач.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)