Интересот за философијата кај него повторно оживува кога го напушта учителското место и доаѓа во контакт со неколку членови од групата која станува позната како Виенски круг, подразбирајќи го тука и нејзиниот водач, Мориц шлик.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Витгенштајновото влијание врз оваа важна област на истражување е упадливо негативно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Уште една поента која тука накусо треба да се одбележи е дека доколку некој е подготвен да прифати едно интенционалистичко објаснување на разбирањето заедно со гледиштето дека стекнувањето и употребата на она што на тој начин е разбрано, е нужно јавна, со тоа би го прифатил она што понекогаш се нарекува „обременет” поим на содржината, но не оној во кој менталните содржини треба да бидат индивидуирани преку објективно сфатените состојби на светот, т.е. состојби кои постојат независно од она што од нив го прави заедницата преку која се стекнува содржината за која станува збор и од чија страна се ограничува нејзината употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Не знам дали проектирал или учествувал во проектирање на некоја друга зграда, но интересен е фактот дека во секој телефонски именик, во секој виенски адресар од 1933 до 1938 година стои д-р Лудвиг Витгенштајн - архитект, а не философ. Меѓутоа, тој докторираше како философ.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога се вратив од часови татко ми сам седеше со Ели, која стануваше сѐ позборлива, само ако имаш време да ја слушаш.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
По редица консултации, екпертите можеле "со сигурност" да потврдат дека "Македонија за која станува збор е југословенската Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но тоа кај нив предизвикало и друга дилема, произлезена од стравот дали македонските партизани ќе "постават барања во однос на делови на територијата на Грција, Бугарија и Албанија од пред 1941 година, за нивна независна Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Амин Малуф подоцна пишуваше и на француски јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мора да се биде охрабруван во прифаќањето на сорствената различност, односно идентитетот да се прифаќа како збир на различни припадности, наместо да се хомогенизира во единствена и врвна припадност, која станува инструмент на исклучителност, инструмент на нетрпеливост што може да доведе до војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Катерина во еден момент рече дека за првиот впечаток е доволен и гласот на срцето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сериозно размислувам токму на таа тема: колку денови, колку недели се потребни за да смееме да помислиме или барем да поверуваме дека единката, за која станува збор, не преставува за нас енигма?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)