Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па и тие немаше да се враќаат ако не беа врзани за нас со златниот конец на сеќавањето…
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тоа беше како некаква комора на одеци, спона, во која некоја мисла се повторува како да минала низ неколку филтри.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)