кој (имн.) - од (предл.)

Жителите рисјани на селото Долнец, Б-ска каза, имаат дадено молба да им биде дозволено да изградат црква на местото на старата мала црква која од старост се уривала, а била некогаш градена на имотите на домаќините Тодор Цане и Спире Угрин, долга 24, широка 16 и висока 10 аршини.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Откако ја собра сета убавина од него, се пресели кај меките кадифести темновиолетови темјанушки, која од која понежна и помиризлива....
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се сеќавав во тие мигови дека ова прашање, додека бевме заедно, често си го поставувавме изземајќи се самите себе од можноста да завршиме во мрежата која од ден во ден стануваше сѐ погуста од случајни или намерни учесници во играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега многу се тие кои ја посетуваат пештерата која од некогашно мечкино дувло, денско живеалиште на лилјаците и пајаците и седиште на мракот и несреќите, стана туристичка атракција...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многу често се бањаавме и во вировите од рекичката до која од куќата се спуштавме по тесниот пат за некои си дестина минути.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но кога им се народиле синови, па од синовите внуци, почнала караницата меѓу семејствата, која од ден на ден станувала сѐ поголема.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)