кој (имн.) - токму (прил.)

Затоа и се смислуваат машини за метафори. Physiologia дава три такви проекти: машина со огледала, машина за “произведување на фантастични слики во темна просторија” и машината “stupore” која токму ги произведува метафорите, а наедно е и машина за метаморфози.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во рубриката „Скопски раскази“ пак пренесуваме расказ од еден веќе класик на македонската 133 литература, Влада Урошевиќ, и од една млада девојка, Веспа Демонковска, која токму има доволно “поетолошки” сличности, но и доволно благородни разлики во однос на значајниот узор, г-динот Урошевиќ.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Азра се штрекна, го фрли ножот преку масата, го избриша лицето со подлактицата и се загледа во челото на Ханка која токму тогаш ги подотвори очите и устата, како да сакаше нешто да каже и со очите и со устата, за миг ѝ се појави некоја чудна, необјаснива ведрина на челото, но одеднаш спласна, се затвори, ја снема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не ни знаев дека се сеќаваш на тоа момче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми, која токму тогаш минуваше крај мене и го слушна крајот на разговорот, изненадено ме праша: - Што ти текна за Игбал да ѝ кажуваш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тргна кон вратата која токму тогаш широко се отвори и повторно пред неа се појави Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)