Оглавите и самарите на нивните коњи беа украсени со поинакви монистра и везени веленца.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И тие облечени како кадијата; и нивните коњи беа украсени со китки по уздите, со убави седла и скапоцени сеџадиња и разни скапоцени пулејќи и ѕрнѕурки.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Коњите беа јадри, убави, со светло влакно, потшишана опашка и гривна и секој имаше посебна боја: сива, кафеава, црна - како и униформата на нивните сопственици што ги јаваа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кираџијата остана спокоен и ладнокрвен како ништо да не му нашле...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Неговиот коњ беше многу мирен и така спокојно патувавме.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
За миг коњите беа растоварени, вреќите одврзани и внимателно претресени.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Беше рано утро. Пролетта настапуваше...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Сите станаа на нозе. На коњите беше натоварена муницијата, бомбите и динамитот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)