коњ (имн.) - му (зам.)

Еден млад човек кој водеше сметка за својата позиција во општеството и кој се подготвуваше за женидба, ја натера својата идна жена да вети дека нема повеќе да се занимава со клептоманија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ама коњот му го фатиле за узда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе пронајдеш во него метално топченце. Фрли го пред нас и ќе појдеме по него каде и да оди“. Принцот без двоумење направи што му беше речено и така, водени од случајот, тие пребродија многу опасни ситуации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Спред раскажувањето на крушевскиот старец Дабиџа, човек во чие сеќавање вистината и легендата се испреплеткани како рибарски мрежи во остри мочуришни трски над кои како убавина и на едното и на другото се раскрилува бел и голем воден цвет, коњот му бил подарен ана Питу Гули.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Каква беше годината (1913), таква и единицата: Тринаесетти моравски полк. Од прв ден коњ му дадоа: коњоводец.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Покрај тешките рани, болката за коњот му тежеше.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Конечно, откако ги совладаа сите неволји, коњот му рече на принцот, “Сега земи го својот меч и пресечи ми го вратот”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)