Можеби и коњот омелушен посакува јажето да се скине, па да избега од гумното... да бодина преку ожнеаните нивја... кон коријата... до некоја ширна ливада... до некој извор - бистрина... и кроце, кроце, така низ ливадата - со крената глава... а ветрот откај пелистерските сртови да му ја вее гривата...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)