А селаните, на кои им се придружив, гонети од уплавот што ги споплати и од викањата на коњаниците кои со закана тераа на бегање, набрзина собираа покривачи, веленциња, пљачки, нешто од храната што ја имаа, товареа на запрежни коли, на магариња (коњите и мазгите беа собрани од партизаните ), на грб и рамо нарамија вреќи и дисаги со се што можеа да земат од дома и, терајќи пред себе говеда, овци и кози, се вдадоа во бегство.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Додуша, беглер-бегот е водач на сите главатари, на субашите, на кадиите, тој има под своја власт седумнаесет војводи, а секој од нив со своја дружина од илјада и петстотини коњаници кои тој самиот ги плаќа и ги води во бој на свој трошок.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Бегајте! Бегајте! Бегајте! – грмеа зарипнатите викања на коњаниците кои безглаво и обезумени продолжуваа да го сејат стравот. И се растури и се посеа општ страв.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Имаше и униформа за да се качи во кошот, имаше целосно право на тоа како капетан со три чина, „сојузен, квалификуван, докториран” аеронаут.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Фантазија (наслов на една слика на Делакроа) - коњичка разонода на арапските коњаници кои галопирајќи изведувале различни движења, празнејќи си го оружјето и извикувајќи. (забелешка на преведувачот) Margina #21 [1995] | okno.mk 139
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не си ги броеше веќе одликувањата. Врз неделното оделце, изгледаше како некој оклоп...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)