крв (имн.) - студенее (гл.)

ОБИЧНИ НЕШТА На улица пролеаната крв студенее и на лицето црвенее и во говорот На едниот плочник една рана на другиот друга Октомвриско свлекување на дивите костени Не свикнуваме лесно со умилкувањето на смртта па сепак ќе нè потиснат пораките на годините Вистината е во коренот цутот е шарена прелага Колку е поизморено телото е поблиску до сопствената сенка Но зошто да зборуваме за нештата со кои заедно легнуваме заедно стануваме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)