крв (имн.) - ми (зам.)

— Имаш право, побратиме. Ете и мене крвта ми зовира кога и гледам ќелешковци, распишчолени, кај виа нашите роспии, како се лигават.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Право да ви речам, гулабите првин меѓу ребрата ми се изведуваат, потоа од крвта ми излегуваат, па во гулабарникот влегуваат, ме вдушуваат, на мене замирисуваат, најпосле по небеса летнуваат, во сонот ми се превртуваат, наутро со гугут ме разбудуваат...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Како решен?“, праша смерно и кротко Филозофот, додека мене крвта ми вриеше од возбуда. „Така“, рече Лествичникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ГЛАСОВИ: Чорбаџи Томче!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Крлежи, крлежи, пијавици! Крвта ми ја испивте!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Крвта ми удира на уши, ми тропа. Водоврик ми е направено лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целата крв ми се собира на лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ги гледам рацете: крвта ми капе од едната дланка во другата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И се изврев некако од под труповите и крвта ми се пушти во жилите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Миризбата на крвта ми создаваше нагони за повраќање, но се сопирав и се обидував да не дишам низ нос.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама ете, во собата, ме фаќа некој страв и срам, вели и сета крв ми запира. Кон никаде не оди.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)