кревет (имн.) - кој (зам.)

Предавањето го држам седнат тука на овој кревет кој ми е смртна постела. Час седнат, час лежејќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Врати се, мора да го обновиме нашето убаво засолниште, нашиот заеднички кревет кој веќе не е ниту испотен, ниту жежок, ниту буден, ниту гласен (затоа ли не се крши).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На оној ист кревет кој за него беше реликвија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)