Фамозната збирштина на негативна енергија под разни општи заменки како „тие” или „некои” се главните генератори на кризиве кои ги споменуваш.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ниту приказните на Кети за мудроста и дарежливоста на природата, ниту утрото што беше накиснато во сончева светлина, ниту цвеќињата што се нижеа како да сакаа да ја утешат, не можеа да ѝ ја свртат мислата од кризата која толку бргу и толку нагло влезе во нејзиниот брак.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ако сте употребувале хероин подолго време и нагло сте престанале се појавуваат кризи кои се манифестираат со потење, истоштеност, несоница, течење на носот и повраќање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Меѓутоа само во позитивна смисла. Во смисла на креативност. Сѐ друго е искомплексирана злонамерност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Го оправдуваше таа синот како секоја мајка што би сторила за своето чедо, велеше дека тоа му било само криза која ќе му помине. Можеби вистина беше така.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)