критика (имн.) - не (чест.)

Се пее до коска и подлабоко, се пее дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната, еве, сепак успева да го развее знамето на својата победа, но и на своето самопредавство, капка по капка, стих по стих, истекувајќи во две тишини (“една мала, во која те сонувам / и чекам, и една голема / во која исчезнувам“).
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)