Наспроти тоа, природата на пазарното стопанство - по дефиниција - претпоставува дека границите ќе исчезнат, бидејќи пазарното стопанство не може да функционира без непрекинато зголемување на кружењето на предметите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Устоличувањето на писмото е устоличување на играта; играта денес се препушта самата на себеси, бришејќи ја границата од која, како што се веруваше, може да се регулира кружењето на знаците, повлекувајќи ги со себе сите успокојувачки означени, редуцирајќи ги сите утврдени места, сите засолништа вон играта кои го надгледуваа полето на говорот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сѐ се одвива како западниот поим за говорот (во она што, отаде неговата повеќезначност и тесната и проблематична спротиставеност на зборот и на јазикот, го врзува главно за фонематската или глосематската продукција, за јазикот, за гласот, за слухот, за звукот и здивот, за зборот) денес да се открива како маскирање на едно првично писмо5: пофундаментално од она кое, пред ова пресвртување, се сметаше за прост „додаток на зборот“ (Русо). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)