култура (имн.) - ќе (чест.)

Тој ги задолжи Албанците со книгите За албанската албанската азбука, Албанската граматика, како и неговиот програмски текст Што била, што е и што ќе биде Албанија (објавена во Букурешт во 1899), драмата Беса и многу други, додека новата турска култура ќе ја задолжи со Толковниот турски речник (со близу 45 000 зборови).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во спротивно, критичката култура ќе го доживее својот целосен распад, токму на политичката сцена, значи, на општествениот полигон, кој отсекогаш беше егзотичното средиште на нејзиното ритуално исчезнување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имаме разлог да се надеваме дека денес можеме да се задоволиме со овие микролошки перспективи кои би можеле конечно да ги потиснат застрашувачките амбиции на критичкото нивелирање, инаку, издиференцираните слики на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кутриот чичко убаво се надеваше дека одличното знаење на англискиот јазик, познавањето на британската и американ­ската култура ќе ги стави во служба на што подобрата соработка со УНРРА, свртена во тие години кон безуслов­на помош на изгладнета Европа, посебно Балканот и Албанија, во тие први повоени години.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Незнам како ќе се ослободат од тоа, но сакам да го видам следниот стадиум кога Африканската култура ќе започне повторно силно да влијае врз нашата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Речиси секој исказ што човек може да го изнесе за културата ќе излезе неточен штом ќе се примени на поединци.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби можеме тоа да го замериме. Но, мораме да си бидеме на чисто дека популарната култура не убива и не спасува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ЗАКЛУЧОК Во миговите кога општествените граници се мошне реални и кога различните расистички демагози се загрижени да не ги пречекорат разни неповикани раселени и економски затирани индивидуи, се чини популарната култура со своето имагинарно пречекорување на границите како некаква лажна компензација, утеха.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најверојатно можеме да очекуваме дека во иднина критиката на популарната култура ќе се обиде да ги надмине двете крајности и ќе ги спои политичката економија со анализата на текстот на публиката. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 108
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)