куп (имн.) - од (предл.)

Купот од нашата урната куќа и таму некаде, неизвесно како, загинатата, нашата најмила мајка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Купот од текстил, од злато и бесцени камења, застанат пред Софронија, се заниша и се заврти и целата одаја се заниша и се заврти, но Софроние, вложувајќи силни напори брзо се созеде; десната рака ја положи на срцето и изусти: Гоема е и високославна волјата на господарот на светот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
КИРО: (Поаѓа како да ќе излезе. Застанува. Се врти.) Од мене бараш помош? Зедов на душа еден куп од вашите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
3. На крај село куп од земја стара цигулка на неа место име, место знак Ноќе ветрот цигулката ја искрева над класјето и плаче но патот зелен што ги скри Циганите...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)