куче (имн.) - ги (зам.)

Откако се наиграа и нашетаа низ село, сите улички ги протрчаа со коњите, сите кучиња ги нападија надвор од селото, ги направија коњите бела пења, изгазија ергенчињата по некое девојче, турнаа по некоја стара баба и ќерамида од покривите; на еден знак се прибраа секој во својата „база".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Надвор веќе се разденуваше. Лаежот на селските кучиња ги собуди галебите, коишто во јата исплашено излетаа и запорија низ езерниот ефир.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не ги носам за да видат дека неможеш веќе ништо да им сториш, туку заради оној обичај што го имавме во Пансионот: кога ни умре нашиот другар од послугата, и кучињата ги поведовме на погребот: и тие да му оддадат почит...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кучињата ги прегледуваше ветеринар, откриваше од што боледуваат и им даваше соодветни лекарства, враќајќи им го расположението и живоста во нив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Истренирани кучиња ги водат слепите улици безбедно до плоштадите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Кога војските од оваа страна на фронтот започнаа да ги зацврстуваат своите позиции спрема Грција за да се спречи нападот на француската и српската војска, близу до селото во една од селските кошари донесоа стотина волчјаци за да ги дресираат; дресираните кучиња ги испраќаа по граничните караули.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се разбира, тоа неиспитување на желбата на Другиот е токму она што кучињата ги прави толку омилени. Зошто се случува тоа?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кучињата ги водат и ги врзуваат за сливите Ѓенески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)