куќичка (имн.) - и (сврз.)

А потоа пак е исто: пругата, ридот, тополата, куќичката и небото, сино или темно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Хирургот Никола или?... Не знаеше дека му готват стапица и се сеќаваше - ја испрати Јана до циганскиот крај на крај на град и шарајќи со очи по разнобојните мали куќички и ги стисна рацете: „Се каеш ли?“ Недалеку од нив голомешесто Циганче со стар, ноќен сад на глава, сонуваше да стане војник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го одврзавме од куќичката и тргнавме надолу по улицата кон куќичката на баба Стеве.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога одам во Влае, неизоставно ја посетувам неа и дедо Роман.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, иако градбите што растеа како тополи го потурнуваа него - со куќичката и старата - сѐ пониско од земјата, железничарот Круме сепак се враќаше дома со претчувство дека ќе здивне: ако ништо друго, тоа го ветуваше преполовеното пагурче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)