лага (имн.) - кој (зам.)

А утре ќе ме колнеш.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Сето друго е лага која толку често ја употребувате што веќе ѝ верувате.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Моите очи ќе ти ги кажат лагите кои сакаш да ми ги кажеш.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Но утехите, тој специфичен вид лаги кои луѓето си ги кажуваат за да се чувствуваат добро, во овој случај не ѝ помагаа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мене ме обзема мислата за доследноста на системот во наложувањето на организираната лага која почива врз една погрешна идеја, зачната и одржувана во заробениот ум, прикажана од музеј во музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)