Ни збор за Димостена, ни за Доне, а за Танаско и Танаскоица дека се добри и единствени со кои може лаф да скрши, дека дедо Костадин што го оставивте во вагонот го сместивме на најубавото место на највисокото во рамната земја од каде ги вардел сите нив. И повеќе ништо за него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А лаф да шчукна, јаска о ендеко или о коријата и по третите петли, о осунатје фтаса о првите дворои. Влегу о еден двор.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И пак ношја, напрау, по полјето, по месечина, по мрак, јаска киниса.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ми гу нема Димустен, ми гу нема Доне, нема су кој лаф да скршиш!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Надвур од Боградец човеко ми рече: - По вој п’т ќе втасаш дома, - и се врна.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ако тој зборува а никое од дечињава не му го слуша гласот, тогаш сигурно длабоко спијам и сонувам па можам и јас некој лаф да му плеснам и сигурно никој нема да ме слушне и ја отчепува и таа својата уста.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
По троа време о одајката влезе стопано.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)