Фарук Кадуми ме доближуваше со своите размисли до мојата теза за моќта и немоќта на владетелите да се справат со историјата...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Арафат ја внесе Палестина во светската историја, тој прерасна во легенда која им беше потребна на Палестинците - ја прифатив размислата на Кадуми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оваа тајновита судбина, сосема спротивно, кога очи отвораш, станува легенда која танцува, оди без да запре, по стапките на незаборавот, како на почетокот, така и на крајот тука помеѓу, оди, без да подзастане во времето на искушението.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Според легендата која потем се создаваше, откако режимот, и по сите рации, потпомогнат со полициски сили од северната братска федеративна република, не успеа да ги пронајде и да ги уништи овие кози, тие за нас навистина останаа неуништливи, а со нив и нашите три славни кози: Сталинка, на која и по падот на сталинизмот кај нас не ѝ го променивме името, потоа Грда и Слободанка, како да одлетаа кон небото.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Од тоа време датира и легендата која раскажува дека меѓу планините на југ од Марица живеела многу убава девојка Родопа, која често слегнувала на брегот на реката за да се огледува во неа и да се воодушевува на својата убавина.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)