Имено, потковичаните, дојдени или доведени од сите краишта на Македонија, лека полека се свикнуваа едни на други и лека полека ги прифаќаа, како свои, традициите на староседелците: почнаа да им се придружуваат во чествувањето на светите води и места, ги прифатија обичаите сврзани со Латинска Црква, го прифатија Свети Никола Летен за заеднички селски сведен, а Турците се однесуваа како сето тоа да се правеше во нивна чест.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Приспособувајќи се на него, на гласот, Мусли бег лека полека сфати дека зборувањето се однесува на орлите, и воопшто на штавувањето и напрегнувајќи се да открие кој е тој што зборува стутулен понастрана од другите, е ли некој од неговите раетини или е туѓ, си помисли дека тоа може да биде добар изговор да се намами Арслан бег да не ги тера христијаните да му даваат сол па разврза за некој соколар што постапувал така, со сол што ги штавувал убиените птици, тоа било и поевтино и посигурно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првин, имајќи го постојано на ум едниот, почетниот, крај, убиството на стрика Анѓела Јанчески, се обидува да го намота клопчето на мислите за потоа да почне да го одмотува сталожено и лека полека сѐ до основната, сѐ до часов сегашен, во кој тој се обидува да го нацрта планот на населбата во Потковицата, - цртежот оставен на масата на средината на одајата тоа означува, план на населбата во Потковицата, заедно со црквата, со општината и со училиштето, кои треба допрва да бидат изградени - потоа, не станувајќи од столот, гледа низ едниот па низ другиот прозорец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Само некои, дребните, останале сокриени меѓу лисјата, и само една голема, која лека полека, во сонот, се престорила во топка крв и се исушила потоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А тогаш, кога ја качиле бомбата на кола, Трајана ги набркала сите седуммина мажи, сина си Ѓорета намерно го испратила да оди двесте-триста чекори напред пред колата, божем за ако има камења да ги отстракнува и да ѝ кажува која има дупки, а сама, откако се прекрстила, ги повела воловите, и - нога за нога право прудолу.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Затоа викнала по Тодија да ја дотера колата и сите заедно, лека полека помагајќи си со штрангите што си ги понесоа од дома, ја натовариле бомбата на кола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Слично беше и со зборот јаваш (yava) од персиско потекло, со основно значење полека, лека полека, има време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Баба Петра се исправи, лека полека ја постла рогозината и му помогна на домаќинот свој да се сврти наплеќи.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Ајде, бабо мила, крени ја мама... лека полека одете си до домата наша... вратата и дење и ноќе да биде отворена - него да го пречекате... ќе се врати... мене ќе ме бара...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- И фатија лека полека да се влечкаат, крепејќи се еден со друг...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)