55. Мноштво трупови од коњи и јавачи го опкружуваа подножјето на брегот, од каде ечеа лелекањата на многуте што умираа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Дури и Турците, кои како и христијаните кога ги слушнаа лелекањата на Јанческите дотрчаа на срецело, тие вооружени со пушки и со пиштоли, во тоа видоа божји знак и само велеа Ај Алах, Ај, Алах!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Врвевме по алејата на великаните. Се наслушнуваа лелекања на тажачките кои никако не успеваа да пронајдат доволно ветки за да ги спрострат своите црни платна на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа и ми се стори невкусно кога токму овде Катерина избрза три-четири чекори пред мене за да ја изведе онаа заводлива игра со колковите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)