Да го видам градењето на индустриски објекти, на хидроелектрични проекти, училишта, задружни домови, синдикални хотели, летувалишта во Македонија за мене беше едно откритие и еден извор на длабоко задоволство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ја оставивме зад себе Касандра, но затоа продолживме кон најубавите морски летувалишта во овој крај - кон камповите и бунгаловите на „Сани-бич“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Испишав јас половина тетратка со впечатоци од мојот одмор во детското летувалиште во Тиват.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во собата имаше еден кревет, уредно наместен со превиткан чаршаф и ќебе, што Александар го потсети на планинското детско летувалиште во кое родителите редовно го испраќаа за време на летниот распуст.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)