лик (имн.) - ми (зам.)

Ме парчи некој чекрк и неговиот лик ми се замаглува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеш ли да го познаеш моево лице меѓу илјадници други, можеш ли во темнината да го видиш сјајот во моите очи, а во тишината да го чуеш гласот на мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ликот ми е човечки, но чувствувам како се изобличува пред светлината, се издига како бран понесен од длабочината на ноќта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)