Ликот му беше посветол, често се смееше, и на своја и на туѓа сметка, и секогаш беше толку полн со енергија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Брчките од долгнавестиот лик му бегаа кон ушите, кон тие сплескани полжавчиња од 'рскавица и кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само ако се спомнеше бебето, очите му се заматуваа со замаглен премаз, а на измачениот лик му се отсликуваше некоја длабока тага.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Лежев сраснат со грб за земјата кога Марко Марикин, самарџија, абаџија и некогашен црковен пејач, човек што има за сѐ свои и само свои причини, малку разбирливи за другите, почна да се смее и да се удира наведнат со дланки по колениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)