Најдов некои нови листови кои се очигледно дел од записите на Нико Кочов.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога ќе го слушаш плачот на дождот... Кога ќе го слушаш шепотот на есенските лисја кои ќе се ронат под твоите стапала...
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
- Момент! - докторот се загледа во еден под листовите кои беа на масата - Примете го моето сочувство господине Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Жолтоцрвени лисје кои паѓаат, ги газиш под нозете, нежно со сомилост, се плашиш веќе нема да ги има. До наредната есен.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Прицврстен за своето семејно стебло од кое се храни, заслепен од листовите кои го опкружуваат, неговото битие не ја запознало безграничноста на просторот во своето време на формирање.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Само во неговиот центар стоел еден лист кој бил полудогорен, и на кој едвај се читало: Јан Лудвик, ЕНИГМА.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Надвор се појавуваа првите жолти лисја кои пелистерецот ги лепеше на прозорците од куќите со помош на првите студени дождови.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Но, за него, овие листови кои, при допир со светлината и со неговите прсти, трепереа, не претставуваа обична хартија со речиси исчезнати знаци на ракописот, туку беа животи на луѓе, сведоштва и тајни на народи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)