Се испулува на двете страни. Сам е. Не, не е сам, тој стои лице в лице со неа, и таа му се смешка како да ѝ трепетат живи усните.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Денешното искуство, коешто може да се сумира во зборот Босна, нѐ става лице в лице со стварноста на таа утопија.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Најпосле се најдоа лице в лице и изгледаше дека негова единствена желба е да избега.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој ја повлече надолу така што сега клечеа лице в лице.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И сега, по толку години таа чувствува закрила, охрабрување кога застана лице в лице со него. Замаено гледа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И се сеќавав на зборовите што тој ми ги кажа на една од нашите први средби: „Треба да навикнеш да живееш лице в лице со невозможното, да ти се случуваат нешта кои не си ги планирал, не си ги очекувал, а ги живееш како цел живот да си ги планирал и очекувал, како да си живеел токму за нив.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тој прво се скочани, сосема тептисан, кога се најдоа лице в лице, а потоа на оној парталав створ му беа потребни само неколку мига за да ја спрашти во пепелници по трагата надолу.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Добро“, рече пред да ја затвори вратата зад себе. „Ќе го разбереш и самиот она што сакав да ти го кажам.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знам како и знам зошто, еве ти, со крик рекол. Но не станал. Тоа само го измислувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го нурнав влажното лице в дланки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лизгајќи се сега со врелото чело по стеблото, згрчен и со суво, жедно, стеснето грло, го забуцал лицето в земја, в трева, в златни движења на бубачки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Отпрвин ја виде негде далеку, потоа го згрчи лицето в страв.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред да падне со лицето в трева, му се стори дека неочекувано брзо се стемни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)