Тоа е логиката која провејува во праксата на племенитите јуриспруденти низ сите изминати времиња, од кои најумните беа образовани во духот на природното право, а не во духот на бедниот и, на моменти, вулгарно нечувствителен правен позитивизам.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Животот во паника ќе кидне прудолу
да провери дали сѐ уште
е тоа што мисли дека е:
заден миг на свесност
кога сѐ се претвора во блиц сеќавање
во јазик разбиен од из-без-ум-е-ност
во сублимиран естезис
оти нема време да се прераскажува
на долго и на широко
само извесна веројатност да се искаже
без надеж
дека ќе биде видено
од некого
само извесна пасија по кажувањето
- низ реч, низ слика, низ музика,
низ тело, низ плот...
само извесно насетување на вистината
според логика која оди прекутрупа
во погорниот, во вртложниот
круг на небото
кога тоа ќе се
отвори
во
екс-та-за!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во колонијалната логика немаше место за колективниот субјект, а во логиката која целата се потпира врз идентитетот нема место за поединецот. (...) За да се увериме во тоа доволно е пак да се прочитаат Проклетите на Земјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)